СГИП бара на тендери да се бираат фирми кои ги исполнуваат обврските кон работниците

Од:

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП) бара да се внимава во изборот на фирми кои ќе учествуваат во изградбата и обновата на патиштата за што се најавени инвестиции од околу 270 милиони евра.

Од Синдикатот бараат да се избираат фирми кои ќе ги исполнат обврските кон државата и кон работниците во поглед на загарантирана плата, надоместоци, работно време, годишен одмор. Бараат и да се ограничи степенот на подизведувачи.

– Ние не може да ги спречиме компаниите да учествуваат на тендер, но државата треба да внимава на кого ги дава работите посебно во градежништвото и индустријата за градежни материјали. Тоа значи дека апелираме да се дава работа на строго домашни компании кои произведуваат материјали и домашни компании од градежништвото кои имаат капацитет да ги изградат овие патишта. Се работи за големи финансиски средства кои обезбедуваат над 60 патни правци што значи дека сакаме наши компании кои ги исполнувале и ќе ги исполнуваат условите кон вработените, да ја земат оваа работа, истакна заменик-претседателот на СГИП Иван Пешевски.

Според претседателот на СГИП Павел Трендафилов, мора сите да ги почитуваат законските прописи и тендери да добиваат компании кои ги исполнуваат обврските кон работниците и кон државата затоа што само така ќе се сузбие нелојалната конкуренција.

– Работа добиваат работодавачи кои не ги исполнуваат минималните обврски кон работниците и се врши злоупотреба и кршење на сите права од работен однос, рече Трендафилов.

Од Синдикатот сметаат дека македонските градежни компании имаат капацитет да одговорат на предизвиците во изградбата на патиштата со оглед на тоа што во градежниот сектор има околу 44 илјади градежни работници и околу четири и пол илјади градежни компании.

Најавија дека барањето ќе го испратат до надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он