А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извршителката што наплатила 200 евра за долг од 1 денар ветила дека ќе направи сè за да се реши ситуацијата

by А1он30/03/2018 - 12:0330/03/2018 - 12:25562
Share1

Извршителката Моника Муча преку која било изготвено решението за наплата на над 200 евра за долг од казнена камата од 1 денар на скопски пензионер, вчера се сретнала со синот на должникот, објави тој на „Фејсбук“. „Би сакал да ве известам дека по објавувањето на мојата објава во врска со извршителското решение кое пристигна на адреса на татко ми, денеска се сретнав со извршителката Моника Муча, која е подготвена да излезе во пресрет и да се изнајде решение во согласност со нејзиините законски надлежности за настаната сигуртација“.

Добивај вести на вибер

Синот на должникот напиша дека дејствијата се започнати на барање на доверителот пред нотар, а притоа тврди дека во ниту еден момент во изминатиот период од речиси 2 години татко му не бил лично известен ниту од доверителот, ниту од нотарот дека има казнена камата од 1 денар, ниту пак дека постојат нотарски трошоци кои прозилегуваат од постапката за наплата на таа камата. „Со објавата немав намера да ѝ нанаесам лична штета на извршителката, туку целиот револт и гнев е изразен кон начинот на кој функциниора целиот систем во кој се поврзани големите доверитлеи, нотарите, адвоактите и извршителите, што најчесто завршува на штета на граѓаните“, напиша тој на „Фејсбук“.

Вчера Комората на извршители реагираше со соопштение во случајот, во кое пишува: „Согласно извршната исправа должникот бил задолжен да плати износ од 3.464,00 денари на име главен долг, како и трошоци во постапката направени пред нотарот во износ од 4.208,00 денари. Од причина што, должникот со задоцнување го платил главниот долг, а трошоците на постапката во износ од 4.208,00 денари останале ненаплатени започнува да тече камата на главен долг. Со оглед на тоа доверителот и пресметал законска казнена камата во износ од 1.00 денар во барањето пред извршителот побарал и исплата на трошоците содржани во платниот налог издаден од нотарот“. Комората ги поучи граѓаните дека обврските да ги намируваат навремено, со што би се избегнале дополнителни трошоци кои влијаат врз нивниот личен стандард.

Васко Маглешов

izvrsiteli

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Горан Наумовски06/10/2025 - 12:48

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Предраг Петровиќ22/03/2024 - 21:53

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Предраг Петровиќ22/03/2024 - 17:34

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Горан Наумовски11/03/2024 - 13:00

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Горан Наумовски21/09/2023 - 14:50

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on23/05/2023 - 11:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен