Италијанската полиција уапси седум лица и заплени 42 килограми кокаин, 8740 евра готовина, еден компјутер и мобилни телефони.
На чело на оваа банда, која шверцувала дрога од Јужна Америка во Италија, бил државјанин на Доминиканската Република, кој исто така е уапсен, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Под истрага е и службеничка на една миланска агенција за трансвер на пари, која ги префрлала парите од продажбата на кокаин на тековната сметка на доминиканецот, користејќи фиктивни имиња за полицијата да не им влезе во трага.