ЛДП: Кој е одговорен и како да се стави крај на хаосот со зонското паркирање?

Од:

Кординаторот на советничката група на Либерално-демократската партија Зоран Шапуриќ побара информација за евидентните, се поголеми проблеми со зонското паркирање, во градот Скопје, а особено во општина Центар.

„Постои вистинска инвазија на обележување на простори за зонско паркирање, при што покрај веќе долго време присутна узурпација на тротоари се воведува обележување на самите улици, со што се попречува одвивање на сообраќајот на возилата и движење на пешаците, “ укажува Шапуриќ.

За да биде хаосот уште поголем, вели, вработените од ЈП ,,Градски паркинг,, Скопје и од ЈП ,,Паркинзи на општина Центар,, на места кои се во близина на зонското паркирање, а на кои е забрането паркирање, издаваат неовластено некои налози за плаќање кои се десеткратно поголеми од цената за зонско паркирање и за кои не е јасно дали претставуваат казна за непрописно паркирање или некаков повеќектатен надомест за паркирање, при што и двата облика неовластено се наплатуваат.

„Нередот со паркиrањето во градот Скопје, а особено во општина Центар се зголемува со неовластено поставување на т.н. блокатори со кои се узурпираат просторите за јавно паркирање, односно за зонско паркирање“, вели Шапуриќ и бара информација, кои мерки и активности кои ги презема градоначалникот на градот Скопје за отранување на нередот во зонското, но и во останато паркирање, кои мерки и активности кои ги презема градоначалникот на градот Скопје за остранување на обележани паркинг места за зонско паркирање кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот на возилата и
Прашува колку т.н. блокатори се поставени со дозвола на градот и на кои физички и правни лица им се издадени таквите дозовли, а колку блокатори се поставени неовластено и што ќе преземе градоначалникот на градот Скопје за отранување на неовластено поставени блокатори кои го попречуваат паркирањето и движењето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он