Спортската сала во општина Лабуништа планирано е да почне да се гради оваа календарска година. Ова го истакна министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на прашање од пратеникот Агим Шаќири од ДУИ.
Таа посочи дека со оглед на проблемот со имотно-правните односи што постоел бил одложен почетокот на изградбата на спортската сала во Лабуништа.
– Направивме договор со општина Струга да го заврши она што значи уредување на просторот за да може да почне изградбата. Имаме склучено договор со изведувач. Штом ќе бидат завршени подготвителните работи од страна на општина Струга изведувачот ќе ја почне градбата, додаде Дескоска.