Велешките средношколци даруваа 45 крвни единици

Од:

Во рамки на пролетната акцијата за доброволна дарување на крв, денеска во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, медицинска екипа на ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Одделението во Велес, во соработка со Општинската Организација на Црвен крст собрани се 45 крвни единици.

Секретарот на ООЦК Велес, Миле Маџаров ја оцени денешната акција како успешна.

– Во Хемиското училиште во кое работи и Медицинското училиште, најголем број од средношколците се девојки. Од вкупно 45 дарители на крв, 43 се девојки, а двајца се момчиња. Од нив најголем дел дури 29 денеска за првап дарувале крв и со тоа влегле во Друштвото на хумани луѓе, на што им искажуваме благодарност за овој хуман гест. Тоа нека биде пример и за останатите млади, но и повозрасни сограѓани да бидат хумани да даруваат доброволно крв и спасат нечиј живот во опасност, потенцира Маџаров во изјава за МИА.

Инаку оваа е втора акција за доброволно дарување на крв меѓу велешките средошколци. Во минатонеделната во Економското училиште „Јовче Тесличков“, која исто така беше успешна беа собрани 42 крвни единици.

Од Општинскиот Црвен крст во Велес во текот на април вакви хумани акции за доброволно дарување на крв веќе имаат планирано да се одржат и меѓу средношколците во велешката Гимназија „Кочо Рацин“ и ССОУ „Коле Неделковски“.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес