(ВИДЕО) Бајрам до Мисовски: Од тебе не сум задоволен, а од Премиерот сум

Од:

Пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на Ромите побара од премиерот Заев да размисли да ангажира советник Ром во неговиот кабинет. Ова прашање тој го упати на пратенички прашања, на што Заев одговори дека отворен е конкурс и дека идниот месец ќе ангажира посебен советник за ромски прашања.

Премиерот Заев се осврна и на претходното прашање на Бајрам зошто во аптеките нема лекови на рецепти по 15-ти во месецот, на што беше прекинат од потпретседателот Мисовски дека е спротивно на Деловникот да одговора на прашања за кои веќе пратеникот се изјаснил како задоволен од одговорот на министерот за здравство.

– Убаво си кажа се Премиерот, од него сум задоволен ама од тебе не сум, му порача Бајрам на потпретседателот Горан Мисовски кој ја води седницата на место Џафери.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски