Вкупно 17 проекти на здруженија на граѓани кои се основани и дејствуваат на територијата на Крива Паланка се поддржани согласно програмата за доделување на финансиска помош на здруженија и фондации од буџетот на општина Крива Паланка.
По спроведениот јавен повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење средства од буџетот на општината за 2018 година, наменети за финансирање на проектни активности на здруженија и фондации со седиште во општина Крива Паланка, комисијата за оценување на доставените пријави за финансиска поддршка, по извршената административна и техничка проверка, ја објави ранг листата на корисници на грантови.
Со оваа програма корисници на грантовите се Здружение на пчелари ,,Пчела“, Црвен крст на РМ-Општинска организација Крива Паланка, Здружение ,,Центар за аудиовизуелни уметности“, Здружение извиднички одред ,,Наум Наумовски Борче“, Културно-уметничко здружение ,,Карпош“, Кошаркарски клуб,,Крива Паланка“, Центар за младински иницијативи „ЦИК ЦАК“, КУЗ Распеани паланчани, Здружние за поддршка и развој на бизнисот и претприемништвото „Бизнис клуб“, Велосипедски клуб „Имбуси“, Планинарско-спортски клуб „Руен“, Карате клуб ,,Шампион“, Кик-бокс клуб ,,Птриот спорт“, РЗР ,,ПАТНИК’’, Организација на жени на општина Крива Паланка, КУЗ ,,Фолклористи“ и Здружение на жени земјоделки, сточарки и домаќинки-„Агропаланчанка“.
Согласно јавниот повик, субјектите имаат право на приговор во рок од пет дена од денот на објавување на известувањето.
Рангираните граѓански организации ќе треба сите проектни активности и проект поддржани со овој повик да ги спроведат тековната 2018, година, заклучно со 31 декември.