Инфо сесија за органско земјоделство

Од:

Во Прилеп денеска ќе се одржи инфо сесија за земјоделски оператори кои сакаат да добијат повеќе информации околу начинот на одгледување, поддршката и пласманот на органските производи.

Како да се сертифицирам за органско производство, Семиња, заштита и советодавни услуги, Трошоци на органското производство и Кои се потребите на пазарот за свежи органски производи, се темите на кои ќе зборуваат домашни и странски експерти, а ќе учествуваат земјоделци од прилепскиот регион и откупувачи.

Предвидени се и индивидуални средби со трговци за свежи органски прозводи и со производители за семенски материјали и заштитни средства.

Сесијата ја организира швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници