А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шуга кај двајца ученици во ОУ „Владо Тасевски“ во Карпош, општината уверува дека состојбата е стабилна

by А1он28/03/2018 - 19:3528/03/2018 - 20:46573
Share0

Општина Карпош ја следи состојбата во основното училиште „Владо Тасевски“, во врска со случајот на појавува на шуга кај двајца ученици.

Добивај вести на вибер

Станува збор за дечиња кои доаѓаат од исто семејство, брат и сестра, при што едното било заразено од шуга, а другото дете поради превентивни причини не посетува настава.

Веднаш по пријавата на овој случај, Центарот за јавно здравје по службена должност излезе на терен и направи прегледи кај учениците од двете одделенија.

По извршените медицински прегледи, констатирано е дека кај другите ученици нема појава на шуга.

Исто така, преземени се мерки на дезинфекција и дезинсекција, за целосна заштита на учениците и спречување на ширење на заразата во просториите на училиштето.

Како резултат на појавата на шуга, известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици.

Во овие моменти, состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици.

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и Одделението за образование, останува во постојана координација со раководството на училиштето, со родителите, Министерството за образование и наука и здравствените установи, со цел да овозможиме заштита на учениците во ООУ „Владо Тасевски“ и нормално следење на наставниот процес.

karpos

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ13/10/2025 - 17:1813/10/2025 - 18:03

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Горан Наумовски10/10/2025 - 12:45

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски10/10/2025 - 09:2710/10/2025 - 10:50

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Горан Наумовски08/10/2025 - 13:10

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 12:28

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 08:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен