Водата од локалните водоводи во селата во Виничко исправна за пиење

Од:

Контролата на исправноста на водата за пиење во три села во Виничко кои имаат локални водоводи покажала добри резултати. Кај испитуваните примероци што ги зеле екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани не е регистрирано присуство на физички и хемиски загадувачи над максимално дозволеното ниво.

По барање на Општина Виница, во селата Истибања, Липец и Лески била направена физичко-хемиска анализа, при што е утврдено дека нема отстапување од законските и стручни прописи. Единствена забелешка е оти водата недоволно и несоодветно се хлорира.

Бактериолошката анализа покажала двојно поголемо присуство на колиформни бактерии над максимално дозволениот број кај водоводот во село Липец. Во другите две села водата е биолошки исправна.

Од Центарот за јавно здравје е доставено писмено известување до локалната самоуправа на Виница дека е потребно локалните водоводи во трите села редовно да се дезинфицираат со резидуален хлор од 0,2 до 0,6 милиграми на литар за да може водата безбедно да се користи за пиење.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат