Македонската компанија за производство и продажба на мебел, Зинес ДООЕЛ, оваа година организира куќен саем за мебел во нови простории, на површина од преку 2.000 м2.
Од 28-март до 1-ви април ќе може да се погледнат преку 100 модели на тапациран мебел, гарнитури, кревети, како и ексклузивни трпезариски маси и столици.
Зинес ДООЕЛ веќе 10 години е активна на европскиот пазар и е еден од најголемите македонски извезувачи на мебел во Германија, Швајцарија како и пошироко.
Покрај големиот избор на модели, бидејќи станува збор за домашно производство со европски квалитет, Зинес ви нуди можност и за порачки по ваши димензии, различни бои и материјали. Испораката и монтажата се бесплатни за територијата на цела Македонија.
Информации за контакт може да најдете на нивната официјална страна www.zines.com.mk