Градоначалникот Богоев се сретна со амбасадорката Дивјак–Томиќ

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска се сретна со српската амбасадорка Душанка Дивјак–Томиќ.

На средбата, како што информира општина Карпош, Дивјак–Томиќ се интересираше за урбанистичкото планирање во Карпош и ја поздрави одлуката новиот Клинички центар да се гради во Бардовци.

Градоначалникот Богоев нагласил дека ќе опстои на даденото ветување, урбанизацијата да биде планска и да се дисперзира во периферните делови на локалната самоуправа.

– Град Скопје, но и Карпош се шират по сите основи. Веќе постои тенденција луѓето да „бегаат“ од централното градско подрачје и да живеат во околните делови на градот, кои треба инфраструктурно да ги зајакнеме, рече Богоев.

На средбата се разговарало и за соработката која ја има Карпош со општините Нови Београд и Врњачка Бања.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот