Двајца ранети Срби при блокадата на патот кон Зубин поток

Од:

Магистралниот пат Косовска Митровица – Рибариќи кај местото Зупче повторно е слободен бидејќи демонстрантите се повлекоа, а КФОР ги повлече своите борбени возила.

Две лица од српска националност се повредени со гумени куршуми и во моментот се хоспитализирани во здравствениот дом во Зубин Поток.

Локалните жители, што се собраа овде утринава, да протестираат против обезбедувањето на преминот од страна на КФОР, по доаѓањето на градоначалникот Славиша Ристиќ, се вратија дома.

КФОР го најави обезбедувањето на алтернативниот премин кој Србите од Ибарски Колашин го користеа за да заминуват во северниот дел на Косово.

Градоначалникот Ристиќ изјави дека во текот на денот разговарал со претставниците на КФОР кои му потврдиле дека немаат команда за да затвораат други алтернативни премини кон северниот дел, но патот низ селото Бања бил премногу блиску до преминот Брњак и затоа морале да го затворат.

„Единственото нешто што ни останува се мирните битки“, рече Ристиќ, додавајќи „ Се надевам на крајот ќе сфатат дека Србите не сакаат т.н. интеграција во косовските институции“.

А затварањето на преминот го оцени како политички преседан во интерес на Приштина, што им ја ограничува слободата на движење на Србите и ги третира како да живеат во концентрационен логор ставајќи им бодликави жици околу нивните домови.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина