Иванов прими акредитивни писма од амбасадорите на Данска, Луксембург и Танзанија

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Данска, на Големото Војводство Луксембург и на Обединетата Република Танзанија во Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на македонскиот претседател, на средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска за Република Македонија со седиште во Белград, Андерс Кристиан Хаугард, тој изразил задоволство од успешниот развој на македонско – данските односи и на соработката во разни области од заемен интерес.

Македонскиот претседател се заблагодарил за досегашната поддршка и помош од Кралството Данска во однос на македонската евроатланска интеграција, изразувајќи убедување дека истата ќе продолжи и во иднина.

– Амбасадорот на Кралството Данска, г. Хаугард изрази подготвеност за зацврстување на досегашните одлични односи со македонскиот народ преку унапредување на соработката во повеќе области, се вели во соопштението.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Големото Војводство Луксембург за Република Македонија со седиште во Луксембург Кристиан Бивер, двајцата соговорници разговараале за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете држави, како и за динамизирање на севкупните билатерални односи и соработка.

Претседателот Иванов изразил уверување дека европската и евроатланската интеграциска определба и во иднина ќе преставува силен мост на поврзување во односите меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург. Во таа насока амбасадорот на Големото Војводство Луксембург, Бивер истакна дека неговата земја силно го поддржува патот на нашата држава кон евроатланската заедница.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетата Република Танзанија со седиште во Рим, Џорџ Кахема Мадафа, претседателот Иванов истакнал дека и покрај географската оддалеченост меѓу двете земји, постојат можности за развој и унапредување на севкупните односи. Двајцата соговорници размениле мислења за регионални и глобални прашања, како и за изнаоѓање на најприфатливи форми за билатерална економска соработка.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска