Узбекистан е подготвен да биде домаќин на преговорите помеѓу Кабул и талибанците

Од:

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги создаде сите неопходни услови за да стане домаќин на директните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците.

– Во интерес на Узбекистан е да се организираат такви преговори, бидејќи безбедноста на Авганистан е залог на стабилноста и благосостојбата на цела Централна Азија, посочи Мирзијоев на отворањето на Меѓународната конференција за Авганистан, што вчера почна во Ташкент.

На Конференцијата „Мировен процес, соработка во сферата на безбедноста и регионалнa интеракција“ учествуваат претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, високата претставничка на Европска унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, заменик државниот секретар на САД, Томас Шанон, како и претставници на министерствата за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Индија, Иран, Италија, Казахстан, Киргистан, Кина, Обединети Арапски Емирати, Пакистан, Саудиска Арабија, Таџакистан, Туркменистан, Турција, Франција и на Јапонија.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата во Авганистан е влошена поради зголемените активности на екстремистичките талибански групи и Исламска држава. Тој предупреди дека талибанците целосно или делумно ја контролираат половина од територијата на Авганистан.

– Посебна загриженост предизвикува присуството на ИД, особено во северните авганистански провинции, посочи Лавров.

Могерини навде дека ЕУ е подготвена да ги избрише од листата на санкции сите талибанци, кои го поддржуваат мировниот предлог на авганистанскиот претседател.

– Талибанците мора да покажат храброст и да ги искористат предностите на мировниот предлог што е невозможен без да се постигне договор меѓу авганистанскиот народ, наведе Могерини.

Додека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу апелираше до сите групи во Авганистан да ја признаат Владата во Кабул и да се вклучат во политичкиот процес на земјата.

– Владата на Авганистан има претставници од сите слоеви на авганистанскиот народ и затоа има единствен потенцијал и обврска да го поттикне процесот на помирување, истакна Лавров.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан