Електронска анкета за адаптација на Кејот „Македонија“ во Охрид во пешачка зона

Од:

Претставници на Општина Охрид се дел од тренинг-програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку Symbio City пристап“ што се реализира во организација на „ICLD“ и „SKL International“ од Шведска.

Задача на охридските претставници е во рамки на обуката да разработуваат проекти за изнаоѓање решенија за урбани зафати, во конкретниот случај адаптација на Кејот „Македонија“ во пешачка зона.

Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот, согласно планираната методологија, се организира електронска анкета која може да се најде на интернет страната на општина Охрид каде граѓаните може да го кажат своето мислење.

Во обуката учествуваат претставници на уште седум градови од Србија, Украина и Турција.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник