Делови од Сопиште, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Сарај утре без струја

Од:

Жителите лоцирани на улицата „12“ во Горно Соње, општина Сопиште, утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Пехчевска“ број 20 и околината во општина Гази Баба.

Без снабдување со струја од 9:30 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“) од број 10 до број 19 кај маркетот „Тинекс“ и Вучко Компани во општина Аеродром.

Од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ од број 60 до 140, дел од улицата „Пржино“ од број 24 до 34 и улицата „Рилски Конгрес“ во општина Кисела Вода. Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите од скопското село Љубин, општина Сарај.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања