Кремљ соопшти денеска дека Москва не е виновна за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал откако САД, Канада и држави од Европската унија протеруваат руски дипломати поради скандалот.
– Жалиме поради тие одлуки. Причината за нивното протерување е поради случајот Скрипал. Веќе соопштивме и повторно укажуваме дека Русија не е одговорна и нема ништо со тој случај, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.