СДСМ: Различните и сосема спротивни изјави на Николов потврдуваат дека вистината се крие од јавноста

Од:

„Различните и сосема спротивни изјави на Иван Николов, кој денеска сведочеше во Кривичниот суд во врска со судскиот случај осмислен од режимската власт за прогон на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврдуваат дека вистината се крие од јавноста.

Денешните изјави на Николов, кој во МВР се среќавал со тогашниот министер Митко Чавков, не се совпаѓаат со она што го изјавил за време на истрагата за овој случај и целосно се конфузни во однос на средбите со обвинителот, еднаш вели едно, друг пат друго.

Јасно е дека нецелосно објавената снимка намерно создаваше погрешен впечаток и оттука, објавувањето на целата снимка ќе ја покаже вистината пред граѓаните.
Никој не може да застане на патот на вистината и правдата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата