Баховски: ЕУ може и треба да ги приклучи Македонија и Црна Гора

Од:

Високиот претставник на Европската комисија во Естонија, Ерки Баховски испрати охрабрувачка порака во однос на евринтеграциите на Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во интервју за националниот дифузер “Теревизион”, Баховски со порака дека приклучувањето на Хрватска на Унијата, ова лето, е многу важно, исто како што и желбата за идно членство на Македонија и Црна Гора. Притоа, тој ја нарекува нашата земја со нејзиното уставно име, а не со навредливата референца што е пракса, кога се работи за претставници на официјален Брисел.

– Влезот на Хрватска во ЕУ во средината на оваа година е од голема важност. А, и покрај должничката криза и политичките тензии, Унијата е во состојба да прими нови земји-членки и е постојано привлечна на кандидатите за членсто како Македонија и Црна Гора… па дури и Србија, истакна Високиoт преставник на Комисијата во Талин.

Во интервјуто, Баховски потенцира дека главен предизвик на Брисел во моментов е економската и финансиска криза, а многу работи ќе зависат и од годинашните избори во Германија и Италија. Според него, претседателствувањето на Литванија со ЕУ во втората полови на оваа година, што ќе биде првпат една балтичка земја да ја превземе лидерската палка на Советот на Унијата, ќе го привлече вниманието на земјите од источниот блок, но и на целиот свет.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он