Карпош – Домаќин на светската шаховска елита

Од:

Вечерва се отвори осмото издание на меѓународниот шаховски турнир Карпош Опен 2018. Повеќе од 160 натпреварувачи, од повеќе земји во светот во следните осум дена ќе водат битка за „најсјајните“ одличја и награди во овој спорт.

Во хотелот „Александар Палас“ каде што следната недела ќе се одржува овој реномиран шаховски турнир забележително беше присуството на многу млади натпреварувачи, карпошани, кои со своите осум или девет години ќе се „борат“ рамо до рамо со поискусните и поафирмирани шаховски имиња до Македонија и од светот..

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој ,меѓудругото, го повлече и првиот потег на шаховската табла со што го означи и официјалниот старт на годинешното издание на Карпош Опен 2018..

– Општина Карпош е еден од главните покровители на овој настан и навистина голема е честа да бидеме центар на шаховската елита, место каде што овие денови се спојуваат младоста, искуството, талентот, напорната работа и шаховското велемајсторство, рече Богоев.

Во своето обраќање, градоначалникот говореше и за можностите кои ги нуди Општината и Градот Скопје за сите натпреварувачи.

Покрај натпреварувачкиот дел, учесниците ќе имаат можност да уживаат во убавините на Карпош, да посетат дел од знаменитостите кои ја прават оваа Општина една од најурбаните во Скопје.

Свои обраќања имаа и Зоран Стојчевски, од шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ, како и претседателот на Шаховската федерација на Македонија Благоја Богоевски.

Тие ги поздравија присутните шахисти и го објаснија распоредот за првото коло од турнирот.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Шахистот Тони Лазов испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on