За сума од 805.084 денариили приближно 13 илјади евра, без вклучен ДДВ, Министерството за одбрана ќе купува вино и пиво, овбјавено е на Електронскиот систем за јавни набавки. Во техничките спецификации на огласот пишува дека се бара црвено вино од винската сорта на грозје вранец, светло пиво во лименка со различен процент алкохол. Купувањето е со одложено плаќање, а критериум за доделување на набавката е најниската цена.
Министерството за одбрана ќе потроши и 1.518.037 денари или приближно 25 илјади евра без ДДВ за печатење на списанието „Штит“ кое се издава еднаш месечно за период од 1 година. Списанието се печати и на албански и англиски јазик, а предвидени се и додатоци на новогодишни календари. Во оваа сума влегува и 3 броја годишно за списанието „Современа македонска борба“.