Средба меѓу Шапуриќ и европратеникот Кучук: Европскиот парламент силно ја поддржува Mакедонија на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше средба со пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кучук.

На средбата се разговараше за напорите кои Владата на Република Македонија ги прави со цел Република Мекдонија да се стекне со полноправно членство во НАТО и за добивање на датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската унија. Исто така, Шапуриќ го запозна европратеникот Кучук со предизвиците и активностите за исполнување на европската агенда.

Кучук изрази задоволство што Република Македонија, по повеќегодишен застој, повторно чекори на патот кон евроатланските интеграции и истакна дека Европскиот парламент силно ја подржува Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската унија и Нато. Тој истакна дека овие напори на македонските институции ќе дадат резултат.

Кабинет на министер задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните