Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, во интервју за „Ало.рс“ открива дека трансферот во Вардар бил во завршна фаза, меѓутоа на крај одлучил да не ја прифати понудата.
Тој наведува дека понудата од српското Министерството за млади и спорт му била далеку попримамлива и затоа решил да стави крај на својата голманска кариера.
– Имав сериозна понуда од Вардар, трансферот беше речиси завршена работа, но проценив дека не можам да играм како претходно, да бидам оној вистинскиот. Не можев тоа да си дозволам, да заминам некаде и да не бидам најдобриот што можам.. Не поради другите или поради трофеите, туку поради мене самиот, потенцира Станиќ.
Тој направи одлична кариера на голот на Металург, а неколку години по неговото заминување од Автокоманда се појавија шпекулации за негово враќање во Македонија како замена на Арпад Штербик во Вардар.