Локалниот совет за превенција мобилизатор на сите локални ресурси

Од:

Локалниот совет за превенција на општина Струмица, кој постои веќе 12 години, на денешната работна конфереција во Струмица уште еднаш ја потенцира потребата од мобилизација на сите локални ресурси за решавање на проблемите и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, истакна градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.

-Превенцијата се градеше со мултисекторски пристап, во соработка и координација меѓу голем број субјекти. Се градеше со граѓаните, преку советодавни групи на граѓани, претставници од социјалните служби, училиштата, бизнис секторот, верските заедници и политичките партии, невладините организации во партнерство со локалните власти и дел од министерствата на државно ниво, а во таа мрежа, полицијата е само еден, но мошне значаен и клучен сегмент, рече Јаневски.

На работната конференција зборуваше и началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, при што рече дека МВР спроведувајќи ги реформите во полицијата воспостави нова полициска организација, која своето работење го гради врз основа на партнерствотвото меѓу полицијата и граѓаните.

-Во рамките на оваа организациона поставеност делува и Отсекот за превенција, кој во координација со останатите организациони единици игра важна улога во зголемувањето на степенот на заштита на човековите права и слободи на сите граѓани на Република Македонија, рече Пројковски.

За искуствата и практиките од досегашното работење на Локалниот совет за превенција зборуваше и Хризантема Рендевска, началник на Отсек за превенција при СВР Струмица. Таа ја истакна важноста на полициското работење во заедницата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри