Го распоредиле на пониска позиција затоа што бил политички активен, тужел и добил на суд

Од:

Основниот суд Скопје 2 од Скопје донесе пресуда со која утврди повредa на правото на еднаквост и сторена дискриминација по основ на политичка припадност во областа на работните односи. Македонското здружение на млади правници информира дека судот, донесл првостепена пресуда со која се утврдува дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на РМ како тужен, сторило дискриминација по основ на политичка припадност во областа на работните односи.

Тужителот бил вработен кај тужениот. Надвор од работното место тој бил политички активен како претседател на општински под-огранок на политичка партија и бил вклучен на листата на советници на локални избори. Во текот на своето работење тужителот своите работни задачи ги извршувал непристрасно, објективно и за своето работење бил оценуван со „се истакнува“ и „задоволува“. Тужителот добил решение за распоредување на пониска позиција иако истиот исполнувал услови за повисока позиција од причина што во меѓувреме завршил високо образование. Истиот повел постапка за оспорување на донесеното решение за потоа единствено тужителот од сите негови колеги биде распореден времено да ги извршува работните задачи во подрачна единица на министерството надвор од градот во кој живее. Просториите каде што бил упатен тужителот да ги извршува работните задачи не биле соодветни за канцелариска работа и не располагале со соодветен простор. Народниот правобранител на РМ донел заклучок дека прераспоредувањето на тужителот не е поврзано со наводно зголемениот обем на работа, туку би можело да се поведе како вознемирување на работното место и дискриминација по политичка основа.

По распоредувањето на тужителот, на неговото работно место било вработено лице со различна политичка припадност од онаа на тужителот и член на владејачката партија. Раководното лице исто така било со различна политичка определеност од тужителот. Судот го применил член 9 од Уставот на Република Македонија, според кој, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите; членот 32 став 2 согласно кој секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место; одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за работни односи.

Со пресудата се забранува преземање дејствија од тужениот со кои се врши дискриминација, се задожува да ги преземе сите потребни дејствија со кои ќе ја отстрани сторената дискриминација и да му исплати на тужителот правичен надомест за нанесената душевна болка предизвикана поради повреда на правото на еднаков третман.

Свесни за постоењето на дискриминацијата по основ на политичка припадност во нашето општество, Македонското здружение на млади правници ја поздрави одлуката на судот и сметаат дека оваа пресуда е од особено значење поради тоа што е прва првостепена пресуда каде се утврдува дискриминација по основ на политичка припадност.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО