Најмалку осум лица загинаа при вчерашниот пад на мал приватен авион кратко по полетувањето во мексиканската сојузна држава Чиапас.
Според првичните резултати од истрагата, во несреќата на аеродромот „Тукстла Гутјерес“ животот го загубиле три возрасни лица, тројца малолетници, пилотот и копилотот.
Очевидци на настанот тврдат дека забележале чад од моторот на авионот „Пајер ПА-31“ при полетувањето од пистата.