Поротниците наместо за 200 ќе одлучуваат за казни и убиства за 500 денари од ден

Од:

Судиите-поротници го добија бараното покачување на надоместокот за одлучување и превоз до судот. Во „Службен весник“ е објавен „Правилникот за надоместоците на судиите поротници“ на Министерството за правда. Наместо досегашните суми кои важеа од 2010 година, со одлуката, тој износ ќе биде двојно повисок.

Надоместоците опфаќаат надоместок за вршење на работите на судија поротник и трошоци за превоз до и од судот. Надоместокот за судија поротник во апелационите судови изнесува 600 денари за секој работен ден кога учествувал на судење, исто толкав износ ќе добијат и поротниците кои ќе одлучуваат во Специјализираното судско одделение надлежно за судење дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија во Основниот суд Скопје 1. За судија поротник во основните судови со проширена надлежност износот е 500 денари за секој работен ден кога учествувал на судење, а за судија-поротник во основните судови со основна надлежност е 300 денари.

Надоместокот на трошоците за превоз до и од судот се исплатува во висина 70 денари за еден работен ден, доколку судијата поротник има живеалиште кое е оддалечено од судската зграда повеќе од 2,5 км. Овир надоместоци се исплаќаат најдоцна до 15-ти во тековниот месец mза претходниот месец.

Според Кривичниот закон, во прв степен судовите судат во совети составени од двајца судии и тројца судии – поротници за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од еден судија и двајца судии поротници за кривични дела за кои со закон е пропишана поблага казна.

Во втор степен судовите судат во совети составени од петмина судии за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од тројца судии за кривични дела за кои е пропишана поблага казна. Кога суди во втор степен на расправа, советот е составен од двајца судии и тројца судии поротници. Гласот на судиите поротници на гласањето е исто важен како и тој на судијата или судиите, па има ситуации каде што гласовите на поротниците се одлучувачки за казните.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски