• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Струмица инфо-сесија за аплицирање за грантот за туризам од ИПА-2

by А1он22/03/2018 - 13:40173
Share0

Со 21 милиони евра преку ИПА-2 грант на Европската Унија ќе се финансираат проекти за локална и регионална конкурентност. На повикот, кој е објавен на 16. овој месец за доделување на подгрантови за подршка на развојот на туризмот, денеска во Струмица се организiраше инфо-сесија за потенцијалните апликанти.

Добивај вести на вибер

Според Антонија Шијак, директор на проектот, развојна цел на грантот е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на институциите со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите.

– На нашиот повик можат да аплицираат општини, јавни институции, центри за регионален развој за грантови во висина до еден милион евра доколку настапат самостојно, или до три милиони евра доколку настапат здружено две или повеќе општини или јавни институции. Исто така, преку нашиот проект можат да учествуваат со свои апликации граѓански здруженија, туристички организации, едукативни центри, а за нив предвидените грантови се во висина до 50 илјади евра за самостојно аплицирање или до 150 илјади евра за партнерско настапување на две или повеќе здруженија, рече Шијак.

Таа додаде дека ќе го подржуваат и приватниот сектор, односно микро и малите претријатија, за кои се предвидени грантови во висина од 100 илјади евра за самостојно аплицирање или во партнерство до 300 илјади евра.

– Проектите кои што ќе ги поддржиме треба да придонесат за развојот на туризмот во нашата држава, или поконкретно секој за својата дестинација. Очекуваме од општините и јавните установи повеќе да се фокусираат на инфраструктурни инвестиции кои што ќе ја подобрат патната инфраструктура до одредени туристички локации или реконструкција на туристички објекти, а исто така, тука да се вклучи и приватниот сектор во развојот на туризмот, во подобрувањето на сместувачките капацитети, во подобрување на понудата, обука за која најмногу можат да придонесат граѓанските здруженија и едукативните центри, истакна Шијак.

Инаку, вкупната вредност на грантовата шема изнесува над 21 милиони евра, од кои 18 милиони се обезбедени преку компонентата ИПА 2, додека 3,2 милиони евра изнесува учеството на македонската Влада.

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен