(ВИДЕО) Мицкоски: Заев, Тевдовски и Анѓушев ни приредија економско цунами

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчеравечер оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран.

Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните. Тој најпрво истакна дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги брани националните интереси на државата и ќе работи посветено и одговорно се со цел подобар и поквалитетен живот за сите граѓани во Македонија. Мицкоски посочи дека моменталната влада на СДСМ нема реализирано ниту еден капитален проект од кои придобивка ќе имаат граѓаните додавајќи дека оваа влада мора да замине час поскоро зошто не работи ништо.

– На безнадежноста ќе дојде крај, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сеопфатна и опсежна програма која мора да биде најдобра досега, со реални решенија зад кој ќе седи нашиот кредибилитет и кон која ќе се обврземе и лично, истакна Мицкоски.

– Имаме економско цунами кое ни го приредија Заев, Тевдовски и Анѓушев. Имаме пад на индустриското производство, имаме за 100 милиони евра помалку странски инвестиции во 2017 година, споредбено со 2016 година. 566 милиони евра не задолжија од почетокот на годината па до сега. 1 200 евра секое семејство плус го задолжија за само два ипол месеци. Државните резерви ги стопија за 277 милиони евра. Ако го погледате статистичкиот извештај од заводот за статистика ќе видите дека падот на невработените во четвртиот квартал е ист како и третиот квартал, што значи имаме стагнација, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања