Во Прилеп засадени дрвја за денот на пролетта

Од:

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, пратеникот Хари Локвенец, претседателот на Советот Миле Талевски, директорот на ЈКП „Комуналец“ Ѕвонко Јованоски, советници и вработени во локалната самоуправа денеска по повод денот на пролетта во Паркот на Револуцијата во Прилеп засадија 12 чемпреси.

– По се изгледа пролетта ќе биде бериќетна, врне дожд. Засадивме млади дрвја во Паркот на револуцијата. Воедно, во ОУ „Климент Охридски“ беа засадени цвеќиња и 30 дрвја, младите од невладините организациии чистеа и диви депонии во околината на Прилеп. Акцијата се реализираше во соработка со прилепски „Комуналец“ со цел да покажеме дека екологијата ни е важна за градот, рече Јованоски.

Прилепски „Комуналец“ е активен на теренот.

– И комуналните работници кои целосно се посветени на чистата животна средина денеска на симболичен начин, со засадување млади садници во Паркот на револуцијата, го одбележаа Денот на пролетта. „Комуналец“ почна со активности за пролетно чистење на градот. Приоритети ни се депониите во градот и околината, кастрењето на градското зеленило, засадувањето на нови површини и облагородување со цвеќиња и друг расаден материјал на што повеќе површини во градот, информираше Звонко Јованоски, в.д директор на ЈКП „Комуналец“.

Децата и вработените од градинките „Наша Иднина“ со многубројни активности исто така се вклучија во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. Оваа година засадија дрвја и цвеќиња во дворот на градинките, а подготвија и пригодни песни и рецитали посветени на пролетта.

– Денеска беше организирана акција за засадување цвеќиња и дрвја во кругот на градинките. Ова го правиме за да ги запознаеме децата како се садат садниците, како се негуваат и како треба да се живее во здрава животна среднина, изјави Орце Тодороски, в.д директор на јавната установа „Наша Иднина“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница