Општина Струмица ќе ги добие на трајно користење сите објекти од поранешната касарна. Ова е заклучокот од денешната средба на градоначалникот Коста Јаневски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.
Првиот објект во трајно користење општина Струмица го доби во декември 2017 година.
Струмица е последната општина од вкупно десет, која од Министерството за одбрана ги добива на трајно користење објектите од старата касарна во рамките на проектот „Старите касарни за нов локален развој“ што почна во 2010 година.