ВИДЕО: ДУИ го поддржа протестот за Алмир

Од:

Денешниот протест кој се одржа пред Владата на РМ за преквалификување на случајот за малиот Алмир го поддржаа и коалиционите партнери во владата, ДУИ. Високи функционери и пратеници од партијата присуствуваа на протестот каде ја дадоа својата поддршка за семејството и ја критикуваа одлуката на судот и обвинителството.

По завршување на говорот на актерот Висар Вишка и мајката на Алмир, албанското знаме беше закачено на оградата од владината зграда. На истото место симболично беа поставени и слики со среден прст во знак на протест за одлуката на судот во Куманово за преквалификување на случајот, како и средниот прст кој братот на осомничениот Бобан Илиќ го покажа кон семејството на Алмир.

Покрај транспарентите на кои беа испишани пораки против македонската влада и правосудство се најде и пречрктана слика на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, со куршум на средина од неговотo чело алудирајќи на негово убиство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

Жарко Настоски

Протест за случајот Алмир пред кумановскиот Основен суд

Бобан Илиќ во притвор по барање на обвинителството

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алиспагиќ: Шест години не се доволно за монструозен убиец како Илиќ, ќе поднесеме жалба на пресудата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест години затворска казна за Бобан Илиќ кој го усмрти Алмир

Виктор Јованов

Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Ана Ололовска