Штипскиот градоначалник ја доби нагрдата Најпријателски ромски градоначалник

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска ја прими наградата за Најпријателски ромски градоначалник што ја доделуваат членови на Комисијата од ромските граѓански здруженија. Наградата во неговиот кабинет му ја врачија членовите на Комисијата од ромските граѓански здруженија.

– Општина Штип е избрана за најпријателска општина од страна на ромските организации и јас исто така како градоначалник. Со ова се почажува дека водиме грижа за сите граѓани на општина Штип и ова го потврдува концептот на едно општество за сите, рече Бочварски.

Тој истакна дека во изминатиот период, иако беше зима, општината и нејзините јавни претпријатија успеале да изработат неколку улици, каде што има концентрација на ромско население.

– Веќе работиме на улицата „Косовска“, на подобрување на водоводната линија во нашиот град. Продолжуваме со засилена динамика и ова признание ќе ми даде уште посилен поттик да продолжам да работам во интерес на сите наши сограѓани, посочи Бочварски.

Наградата за најпријателски ромски градоначалник е доделена на основ на критериумите: дискриминација, медиуми, основни човекови права, здравство, образование. По овие критериуми општина Штип од можни 40 поени освои 34. Како дел од наградата, градоначалникот ќе присуствува на прогласувањето и промоцијата на градоначалниците во Брисел на 9 април во Европскиот парламент за време на Ромската недела која што се одржува од 8 до 12 април 2018 година низ ЕУ институциите во главниот град на Белгија.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“