Еко акции, работилници за селектирање отпад и изработка на креативни предмети, едукативни предавања, чистење на училишните дворови, се дел од активностите на учениците од основните училишта во Карпош, кои го одбележаа Денот на пролетта и екологијата.
Во основното училиште „Војдан Чернодрински“ се одржа интерактивно предавање со дел од учениците, на кое учествуваше и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев. Тој посочил дека само со здружени сили и работење на свеста кај сите граѓани можеме да придонесеме за почиста општина и создавање вистинска еко заедница.
Основците, како што истакна општина Карпош, ја истакнаа потребата од поголемо користење на велосипедот како превозно средство, со кое директно влијаеме врз намалување на загадувањето и придонесуваме за подобрување на нашето здравје.
Богоев присуствувал и на еко работилниците во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци.