Транспарентноста и примената на ИКТ клучни за реформа на администрацијата

Од:

Спроведувањето на реформите во јавната администрација да продолжи со натамошно јакнење на транспарентноста, управувањето со јавните финансии, примена на ИКТ за поголема ефикасност, врз основа на донесената Стратегија за оваа намена и контролните механизми, порачаа учесниците на денешната дебата за предизвиците во јавната администрација, во организација на СИГМА чии експерти ги помагаат реформите.

– Секогаш се фокусираме и сметаме дека треба да се постави и да има добра стратешка рамка која што ќе ги постави правилата за реформата на јавната администрација да има поголема транспарентност за доброто управување и да има добро трошење на парите, пред се на јавните набавки, транспарентноста и на внатрешната контрола, изјави Мирослава Боручка, претставник од СИГМА по денешната дебата за клучните предизвици на јавната администрација на Македонија.

Во презентираниот извештај на СИГМА за периодот од мај 2015 до јуни 2017 година Македонија добила пониски оценки за реформата на администрацијата, што се припишува на предизборниот период во текот на 2016 година и предолгото формирање на Владата по изборите во декември лани. Но, како што посочи Давид Кулен претставникот од директоратот за соседска политика и преговори за проширување при Европската Комисија, од утврдените приоритети кои треба да ги подигнат реформите во јавната администрација, се забележува напредок во јавните набавки со оглед дека е укинат Советот за јавните набавки и се подготвува нов закон. – Нивото на транспарентност очигледно се има зголемено во последните месеци и се надевам дека тоа ќе продолжи во иста насока, донесена е и програмата за реформата во управувањето со јавните финансии, изработени се повеќе документи во јавната администрација, но подобрувањето на работата во државната служба е нешто на што треба да продолжиме да се фокусираме, рече Кулен.

Се уште недостигаат, како што рече, јасни критериуми и транспарентност при назначувањето на државните службеници на високи позиции, а треба да бидат транспарентни исто така и основите за отпуштање. Потребно е уште потранспарентно известување за државната служба, нејзината големина, бројот на вработени и привремено вработени во јавниот сектор, рече Кулен.

Според него, потребно е да се зајакне капацитетот на јавната администрација. Тоа, како што му посочи на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски може да биде сфатено како контрадикторно, но ви требаат луѓе со добри капацитети кои ќе работат за администрацијата.

Манчевски се согласува со забелешките за состојбата во администрацијата и порача дека тоа е процес кој трае и кој не може да се спроведе преку ноќ. Донесена е Стратегија за реформа на амдинистрацијата, а клучна улога, според него, ќе има и примената на новите технологии. Целта е побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за граѓаните, рече Манчевски, најавувајќи дека годинава ќе бидат пуштени во употреба национални портали за електронски услуги и за отворени податоци и оти ќе се воведе електронски систем на население.

Следната недела, како што најави, ќе биде објавен детален извештај за бројот на вработените во администрацијата.

Професорот од Правниот факултет при УКИМ Борче Давитковски упати критики дека во изминатите години само се носат стратегии и оти по 19 години се констатира дека Македонија е во минус 50 проценти во примена на европските стандарди.

Според него, нема политичка волја на ниво на Влада и држава за реформи.

Во коментар, министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека во минатото едни исти луѓе ги пишувале законите без да има никави резултати. – Во насока на подобрување на оваа состојба во контекст на она што го зборувам за радикално отворање на транспарентноста тоа ќе значи дека и ние ќе ги отвориме податоците па дури и за хонорари гонини наназад, рече Тевдовски.

Финансиската состојба, посочи, годинава е стабилизирана, а реформите се приоритет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски