Ривалството меѓу Иран и Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата

Од:

Цената на нафтата на светските берзи се искачи на 67,56 долари за барел брент нафта, што претставува пораст од 0,2 проценти.

Зголемувањето на цената се должи на побарувачката, но и загриженоста дека САД може да се откажат од нуклеарниот договор со Иран, со кој на Иранците им беше дозволено слободно да продаваат нафта на светските пазари. Зголемувањето на цената се совпадна со посетата на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман, на Вашингтон, што ги подгреа стравувањата дека Саудиска Арабија може да изврши притисок врз САД во кус рок да се откажат од договорт со Иран. Се проценува дека евентуалното откажување од договорот ќе доведе до пад на количеството нафта што се нуди на светските берзи од 250.000 до 500.000 барели дневно.

Засилената побарувачка на нафта во САД, предизвикана од солидниот економски раст, исто така придонесува за зголемувањето на цените на нафтата. но, од САД доаѓа и водечкиот фактор кој ја притиска цената на нафтата надолу – зголеменото производство на нафта од американските наоѓалишта во кои се применуваат иновативни технологии на црпење нафта како што е хидрауличното кршење карпи. Производството на нафта во САД порасна за една петтина од средината на 2016 година до сега, и изнесува 10,38 милиони барели дневно, повеќе од Саудиска Арабија и блиску до дневното производство на Русија.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он