Вардар во Велес двојно зголемен, но далеку од критичната кота на излевање

Од:

Нивото на Вардар во Велес измерен на мерното место кај Мало Мовче во близина на градскиот пазар денеска изнесува 170 сантиметри, информираат од Центарот за справување со кризи.

Се нагласува дека иако Вардар во изминатите шест дена пораснал за 90 сантиметри, споредено со 14 март кога биле измерени само 80 сантиметри, сепак, ова ниво е далеку од критичното за излевање.

Во март 2016 нивото на Вардар порасна и до 250 сантиметри, а инаку котата на излевање во Велес е 259 сантиметри.

Сепак, од Центарот за управување за кризи потенцираат дека тие редовно ја следат состојбата со нивото на Вардар, а со цел навреме да се преземат превентивни мерки од евентуално излевање.

Сето тоа бидејќи во наредните денови од УХМР најавуваат нови врнежи од дожд, што ќе значи и понатамошно зголемување на нивото на водата во реката Вардар, како и зголемување на притоките.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски