Со кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на ООУ “Кирил Пејчиновиќ” и ООУ “Круме Кепески”, започнаа спортските натпревари меѓу училиштата кои гравитираат кон Општина Кисела Вода во организација на Општинскиот сојуз за училиштен спорт на Општина Кисела Вода. Во знак на отворањето на училишните спортски игри кои ќе се одвиваат се до почетокот на месец мај, градоначалникот Филип Темелковски денес беше на трибините на спортската сала “Независна Македонија”. Воедно, денес беше извршена и донација од страна на кошаркарската федерација на Македонија- кошаркарски топки за училишните спортски тимови.
Во периодот што следува календарот на салите “Независна Македонија” и “Архиепискпоп Доситеј”, ќе биде исполнет со спортски случувања, машка кошарка и фудбал, како и женска одбојка, најавуваaт од неодамна реактивираниот Општински сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода.
Имено, по 5 години пауза, по иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, Сојузот беше возобновен бидејќи спортувањето и навиките за здрав живот се потреба на секој ученик.