Борци на ИД презедоа контрола врз предградие на Дамаск

Од:

Борци на групата Исламаска држава презедоа контрола врз полупразно предградие на Дамаск, по жестока борба со провладините сили, соопшти денеска невладината организацијата Сириски центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, џихадистите го презеле дамаското преградие Кадам, откако пред една седмица сириските бунтовници им го предале на властите во Дамаск.

Центарот посочва дека во битката загинале 36 припадници на провладините сили, а десетици биле повредени или заробени, додавајќи дека властите испратила засилување во Кадам.

Пред тоа, ИД на Твитер објави дека го презела предградието.

Засега нема коментар на ваквите информации од сириските власти.

Борбите во Кадам, јужно предградие на Дамаск, се водат додека сириските сили се фокусираат на преземањето на енклавата Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците.

Според германски хуманитарни организации, во текот на вчерашниот ден руски авиони бомбардирале училиште во Источна Гута, при што загинале 15 деца.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти претхоидно дека при нападот загинале 15 деца и две жени, кои биле сместени во училиштето.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја нарече ситуацијата во Сирија „пекол под небето”.

Во последните недели во Источна Гута загинаа 1.454 лица, вклучително и 297 деца и 183 жени, наведува Сирискиот центар со седиште во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка