Меморандум за економско и образовно зајакнување на Карпош

Од:

Во насока на зајакнување на образованието, економскиот и културниот живот на локално ниво, Општина Карпош склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека Општината во изминатиот период склучи повеќе меморандуми, со цел е да се зајакне соработката со различни здруженија и организации кои во својот делокруг на работење ја имаат и локалната самоуправа.

– Целта на потпишувањето и на денешниот Меморандум е да покажеме дека во Карпош се чувствува една поинаква енергија и подготвеност да се соработува со интелектуалци, истакнати универзитетски професори, асоцијации и здруженија на различни полиња од општественото живеење, рече Богоев.

Претседателката на Институтот, д-р Елизабета Томевска Илиевска посочи дека ова здружение во изминатиот период работеше на вмрежување со повеќе институции и единици на локалната самоуправа.

Начините за соработка меѓу страните – потписнички на Меморандумот се најразновидни: заедничко аплицирање на проекти, организација на работилници и на тематски конференции, истражувања и анализи кои ќе бидат корисни за Општината во процесот на креирањето на политики и проекти кои би влегле во буџетските програми.

Присутните заклучија дека особено значење ќе имаат активностите од областа на образованието и вклучување на наставниот кадар и учениците во детектирање на секојдневните проблемите во едукативниот процес.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот