Со донации се реновира штипската Физикална терапија – Кежовица

Од:

Со помош на донации од компании и општински институции се подобруваат условите за престој на пациентите од источна Македонија во Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип.

Одговорната сестра на Одделението за Физикална терапија – Кежовица, Љубица Миланова изјави дека благодарение на донациите веќе се бојадисани пет болнички соби и поставен е ламинат.

– И покрај пречките, а тоа е отуѓување на дел од оваа зграда на Универзитетот „Гоце Делчев“, Одделот за Физикална терапија при ЈЗУ Клиничка болница-Штип со логистичка помош од страна на општинските институции и општествено одговорни локални компании помина низ првата реконструкциска фаза за достоинствено остварување на правата за лекување на пациентите, рече Миланова.

Истакна дека реконструктивните зафати ги започнале од терапевтскиот дел, со исклучок на тушевите каде што има потреба од посериозни и поголеми реконструкции.

Пациентите со години се лекуваа и престојуваа во Физикалната терапија – Кежовица во катастрофални услови, а голем дел од нив секојдневно патуваат. Миланова додаде дека имаат и потреба за реконструкција на вториот кат, а за што секоја помош и донација им се добродојдени.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара