Николовски: Преку Мешовитиот комитет работиме на изнаоѓање трајно решение за брашното

Од:

Македонија преку Мешовитиот комитет работи на изнаоѓање трајно и систематско решение за увозот на српското брашно, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во врска со денешната изјава на Расим Љајиќ според кој Србија ќе воведе контрамерки ако до 14 април не се најде трајно решение за брашното, Николовски за МИА рече дека проблемот се провлекува повеќе години и за негово надминување се разговара долго време.

– И еден од заклучоците на Мешовитиот комитет е да се бара трајно и ситематско решение. Целта е конечно надминување на проблемот, за да не се повторува секоја година, изјави Николовски.

Според него, Комитетот кој првпат заседаваше завчера во Белград, во рок од 30 дена треба да излезе со предлози за трајни и систематски решенија, не само за брашното, туку и за сите останати нецарински бариери кои би ја унапредиле трговската размена.

– Можна е нова седница на Мешовитиот комитет до крајот на март, ако не и порано, истакна Николовски.

Љајиќ, пак, во гостувањето на телевизијата Н1 најави состанок во Скопје за две недели.

Српскиот министер смета дека проблемот со брашното го прават тројца македонски мелничари и дека воведувањето контрамерки не би било од интерес за стопанствата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он