По 70 години од изградбата, метеоролошката станица во Крива Паланка е реновирана. Објектот денеска го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Главната метеоролошка станица во Крива Паланка е дел од мрежата станици на Метеоролошкиот набљудувачки систем на Република Македонија. Овој објект важел за еден од најрепрезентативните, но 70 години бил оставен на забот на времето, а исправноста на инструментите беше загрозена, рече министерот.
Владата на РМ, истакна Николовски, обезбеди пет милиони денари за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип и Демир Капија, како и за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.