Британски амбасадор: Труењето на Скрипал е напад врз меѓународните вредности

Од:

Британскиот амбасадор во Русија, Лоренс Бристоу изјави денеска дека труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија претставува напад врз меѓународните вредности.

Тој утринава беше повикан на разговор во руското Министерство за надворешни работи.

– Секогаш ќе направиме се што е потребно себе си, своите сојузници и нашите вредности да ги одбраниме од вакви напади. Тоа не е напад само врз Велика Британија, туку и врз меѓународниот основен систем на правила од кој сите земји, вклучувајќи ја и Русија, зависат во врска со својата безбедност, истакна Бристоу по состанокот во руското МНР.

Според него, „оваа криза почнала како резултат на ужасниот напад во Велика Британија, планираното убиство на две лица со употреба на хемиско оружје произведено во Русија и непријавено во Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје, што Москва морала да го направи според Конвенцијата за хемиско оружје“.

Британскиот амбасадор бил информиран дека Москва ќе прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, кои ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.

Властите во Москва денеска, исто така, донесоа одлука да се повлече одлуката за повторно отворање на Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург и да прекине функционирањето на Британскиот совет во Русија.

Освен тоа, Русија има право да преземе и други мерки против Лондон, се наведува во соопштението на руското МНР.

Скрипал и неговата ќерка и понатаму се наоѓаат во критична состојба по триењето се нервен гас на 4 март.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје