(ВИДЕО) Петковски: За оваа власт постојат само два збора: Лаги и лицемерие

Од:

„И вечерва времето не не спречи да бидеме повторно на нашето место, таму каде што ќе го изразиме нашиот граѓански отпор против оваа ненародна власт. Деновиве слушаме една теза – дали универзитетските професори ги личело да бидат на улица? А каде да бидат? Дома? Да гледаат лаги на телевизија. Местото е тука. Тука треба да ги кажеме вистинските зборови за она што се случува во нашата татковина, Македонија“, рече проф. Константин Петковски.

Оваа власт, рече, ја карактеризира една работа која што се провлекува во нејзините седум години владеење на централно и осум на локално ниво. Тоа значи дека за неа заштитен знак се само два збора: лаги и лицемерие. Дали има поголеми лаги и лицемерие кога на тој кобен 24 декември, после се она што се случи во парламентот и од кое што се згрозува целиот свет, вечерта во католичката катедрала Иванов, Велјановски и Груевски, без тронка срам и перде седат и ја слушаат одличната проповед на кардиналот по повод одбележувањето на Божиќ во кое што вика дека светот ќе пропадне заради нечовечност, нехуманост, нетолерантност и немање почитување на своите сограѓани. Тоа го слушаат и се однесуваат како што ништо да не било тој ден.

Дали има поголема лага и лицемерие од оној спикер Вељановски кој што е најодговорен за тој црн понеделник, а сега како ништо да не било како волк во јагнешка кожа повикува да се врателе пратениците од опозицијата во парламентот зошто таму им било местото. Па тие знаеа дека е таму местото, но тој што сега повикува ги избрка, па сега и вика вратете се тука ви е местото. Дали има поголеми лаги и лицемерие кога на овај народ му велите дека економската преродрба само што не ги даде резултатите и само што Македонија не стана ветената земја, а народот се повеќе тоне во сиромаштија и се’ се поголеми редиците пред контејнерите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски