Финансиската полиција ги објави снимките од апсењето на ексдиректорот на СОЗР, Васе Доневски кој е осомничен за нелегални договори со помеѓу СОЗР и Секјуриком за чистење и одржување на државните институции при што Доневски противправно се стеканл со добивка од 660 милиони денари.
Финансиската полиција изврши претрес на неколку локации каде најдени се документи што не биле доставени до финансиската полиција а требало да бидат и одземени се неколку електронски уреди, неколку усб-портови и еден автомобил каде што е пронајдена финансиска документација.
Виктор Јованов