Презентирани условите за студирање на штипските технички факултети

Од:

Техничките факултети при универзитетот „Гоце Делчев“- Штип денеска ги отворија вратите за матурантите од средните училишта.

Деканот на Технолошко-техничкиот факултет, Винета Сребренкоска вели дека средношколците можат да се запознаат со условите, лабараториите за студирање на Машинскиот, Елетро-техничкиот и Технолошко –техничкиот факултет.

– Со оглед на тоа дека расте бројот на компании, кои влегуваат во нашата земја интересот и барањата за таков кадар се големи. Од таа причина ние, денеска поканивме голем број на компании, кои што можат да им презентираат на идните студенти зошто да ги изучуваат тие науки и каде можат да си најдат соодветно место со знаењата кои што ќе ги здобијат. На пазарот на трудот се повеќе има недостаток од ваков кадар, вели Сребренкоска.

Деканот на Електро-техничкиот факултет при УГД-Штип, Татјана Атансова-Пачемска вели дека средношколците треба да ги изберат техничките факултети, а конкретно и Електро-техничкиот факултет, бидејќи на Македонија и се потребни стручни кадри.

– Потребни се кадри од областа на автоматиката и системското инжинерство, обновливите извори на енергија, мехатрониката и роботиката. Тоа се високо софистицирани технолошки професии, кои што придонесуваат за развојот на државите, за развојот на економијата и побрз економски раст, вели Атанасова-Пачемска.

Презентацијата на Техничките факултети е во рамките на манифестација „Отворени денови на УГД“ по повод патрониот празник.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“