Крводарителска акција во Карпош: Капка крв за нечиј живот

Од:

Денеска, во Општинската организација на Црвениот крст „Карпош“ се одржа 38-та по ред крводарителска акција во која учествуваа околу 50 доброволци во дарување на најскапоцената течност.

На хуманите крводарители им се придружи и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој освен што самиот даруваше крв, на најопстојните крводарители им врачи пригодни плакети и благодарници за нивната несебичност и хуманост.

Во прусустви на претседателката на ОО Црвен Крст „Карпош“ и советничка во Советот на Општината Билјана Костова како и пратеникот во Собранието на Република Македонија Далибор Богдановски, којшто исто така се вброи меѓу денешните крводарители, градоначалникот Богоев им ги врачи пригодните признанија на Асани Ајриз, за 100-то дарување крв, на Драган Арсовски за 75-то дарување, како и на Денис Бошковски, Илија Михајловски и Мише Дулимагоски кои досега во 50 наврати ја дарувале скапоцената течност која спасува животи.

Освен пригодните плакети и благодарници овие „крводарителски ветерани“ добија и по една оригинално изработена слика од нашиот познат уметник Живко Поповски – Цветин, кој воедно е и првиот претседател на Црвениот крст на Република Македонија од осамостојувањето на државата.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот